Вакуум пакување и ПП / ПЕ плочи
Вакуум кесите и фолијата за вакумирање наоѓаат широка примена за пакување месо и месни прозводи, сирење и останати млечни производи и разни зрнести производи. Одличната функционалност овозможува производот да ја зачува аромата и свежината како на денот кога е пакован. Се одликуваат со висока пробојна отпорност, одлични оптички карактеристики и висок сјај. Зависно од потребата на клиентот, можат да бидат произведени транспарентни или со штампа, со голем избор на димензии.
Фабриката за пресовани полимерни плочи POLYPLATE е лоцирана во Батоте, 9 км од Брус. Фабриката е извозно ориентирана, па 90 % од производството оди за клиенти од ЕУ. Се произведуваат во димензии 2500х3000мм, дебелина од 8мм до 100мм.
Полипропиленски плочи
Се одликуваат со голема отпорност на хемикалии, отпорност на температура од -20 Ц до 90 Ц.
Термички и механички лесно се обработуваат, имаат исклучителни диелектрички и изолациски карактеристики.
Полипропиленот не апсорбира вода и физиолошки е беспрекорен.
Плочите можат да најдат примена кај сите врсти резервоари, системи за пречистување на отпадни води, кади за галванизација, сите видови штанц плочи, филтер елементи во хемиска индустрија и др.
Полиетиленски плочи
Се изработуваат натур или обоени (ПЕ 300) и црни (ПЕ 80 и ПЕ 100)
Наоѓаат примена за сите видови резервоари за вода, во прехрамбена индустрија како даски за сечење, во рударство и енергетика за обложување на силоси и простории, во хемиската индустрија како елементи за филтери, во комуналната дејност како фитинзи за спојување на полиетиленски цевки и др. По потреба се изработуваат и разни видови садови со различни форми и димензии, зависно од намената и потребата на клиентот.