
BWC Охрид
Компанијата БВЦ Охрид е основана во Мај 1995 година, своевремено како дел од групацијата BWC со седиште во Будимпешта, Унгарија.
Од своето основање до денес работи со 100% домашен капитал и има неколку основни трговски и производни дејности:
– Трговија со полимерни суровини за пластична индустрија (гранулати, мастербачи, адитиви итн.)
– Производство на производи од пластика
– Трговија со вакуум кеси за прехрамбена индустрија
– Продажба на ПЕ/ПП плочи за хемиска и прехрамбена индустрија
– Пречистителни станици на отпадни води и мастофати
Како компанија која континуирано бележи позитивни резултати во работењето, често сме дел од разни бизнис случувања, презентирани како пример за успешна компанија. Со нашата стручност и искуство секогаш сме спремни да одговориме на потребите и барањата на нашите ценети клиенти. Сериозно негувајќи ги деловните релации со нашите партнери од странство, БВЦ Охрид е ексклузивен претставник на повеќе реномирани светски компании, пласирајќи врвен квалитет на пазарите во Македонија, Албанија и Косово.