BWC Ohrid

Тел: ++389-46-279-010

Третман на отпадни води

Третман на отпадни води

БВЦ Охрид, го застапува производството на својот Принципал BWC Beograd, на различни садови од полиетилен и полипропилен со различни димензии и форми, зависно од желбата на клиентите.

  1. Пречистувачи на санитарни отпадни води “TopolWater” s.r.o.
    • – Контејнерски тип (7-700 ES) – TOPAS S.
    • – Со бетонски резервоари – MONOBLOK- T (100-500 ЕЖ), FLEXIDIBLOK (преку 500 ЕЖ).
  2. Сепаратори на нафтени деривати, “BWEK-UK” и „BWK-UKS“, според лиценцата на чешката фирма “EKONA” s.r.o.
  3. Сепаратори на масти и масла ,“BWC-LT”, според лиценца на чешката фирма “EKONA” s.r.o.
  4. Садови и резервоари од полипропилен и полиетилен.

Пречистувачи на санитарни отпадни води
ТOPAS S –контејнерски тип

  • – Се произведуваат во големини од 7 -700 ЕЖ.
  • – Се користи за третман на санитарни отпадни води од: индивидуални куќи, хотели, деловни и станбени згради, ресторани, училишта, магацински простори, бањи, спортски сали и сл.
  • – Работат без бучност.
  • – Едноставно вградување, без потреба од посебни градежни зафати.
  • – Пречистената вода може да се користи за полевање на зелени површини.
  • – Садот изработен од полипропилен гарантира повеќедецениски животен век на уредот.

Сепаратори на нафтени деривати BWEK –UK

  • – Се изработуваат од полипропиленски плочи и се од контејнерски тип.
  • – Се користат за чистење на отпадни води кои содржат деривати на нафта со густина од 600-950 kg/m3.
  • – Составени се од седиментационен (таложен) дел и дел со коалесцентно филтерско полнење.
  • – Производите се за проток од 3,0 – 250,0 l/s.

Сепаратори на нафтени деривати од тип BWEK -UKS

  • – Изработени се од полипропиленски полочи и се од контејнерски тип.
  • – Служат за чистење на отпадни води со содржина на нафетни деривати со густина од 600-950 kg/m3.
  • – BWEK-UKS, се составени од седиментационен (таложен) дел, дел со коалесцентно филтер полнење и додатно сорпционо полнење кое е интегрален дел од уредот со големина 3-10 l/s, а кај поголемите уреди претставува физички засебна целина.
  • – Се проиозведуваат за проток од 3,0 – 250,0 l/s.

Сепаратор на масти и масла

  • – Служат за пречистување на отпадни води кои содржат масти и масла од растително и животинско потекло, кои најчесто се создаваат во кујна за време на припремата на оброци .
  • – Изработени се од пресовани полипропиленски плочи
  • – Овие уреди се поставуваат пред влезот во јавна канализација или таму каде што замастената отпадна вода оди во засебен канализациски дел и мора да се пречисти пред влезот во пречистувачот за биолошка обработка на санитарни отпадни води, што се наметнува како обврска за претходно издвојување на маснотиите со цел да се оствари исправна биолошка обработка и функционирање на пречистувачот.
  • – Се произведуваат за проток од 1 – 10 l/sec односно во зависност од бројот на оброци.
Број на дневни оброци  Големина на сепараторот  ( l/s)
до 100 1
100-200 2
200-400 4
400-700 7
700-1000 10

Садови и резервоари
Зависно од барањата на клиентите, можеме да понудиме садови со различни форми и димензии изработени од пресовани плочи во фабриката „BWC-POLYPLATE“.