BWC OHRID, We build the future together ...

Тел: ++389-46-279-010
Понеделник - Петок: 08:00 - 16:00

Вакуум кесите и фолијата за вакумирање наоѓаат широка примена за пакување месо и месни прозиводи , сирење, кашкавал и останати млечни производи и др. Одличната функционалност овозможува производот да ја зачува аромата и свежината како на денот кога е пакован. Се одликуваат со висока пробојна ортпорност , одлични оптични карактеристики и висок сјај.Зависно од потребата на клиентот , можат да бидат произведени транспарентни или со штампа , со голем избор на димензии.

Фабриката за пресовани плочи полимерни плочи POLYPLATE е лоцирана во Батоте, 9 км од Брус. Фабриката е извозно ориентирана , па 90 % од производството оди за клиенти од ЕУ.

Полипропиленски плочи

Се произведуваат во димензии 2500х3000 мм , дебелина од 8мм до 100мм
Се одликуваат со голема отпорност на хемикалии , отпорност на температура од -20 Ц до 90 Ц на ПП Кополимер и отпорност од 0Ц до 100Ц .
Термички и механички лесно се обработуваат , имаат исклучителни диелектрички и изолациски карактеристики.
Полипропиленот не апсорбира вода и физиолошки е беспрекорен.
Плочите можат да најдат примена кај сите врси резервоари , системи за пречистување на отпадни води , кади за галванизација , сите видови штанц плочи, филтер елементи во хемиска индустрија и др.

Полиетиленски плочи

Се изработуваат натур или обоени ( ПЕ 300 ) и црни ( ПЕ 80 и ПЕ 100)
Наоѓаат примена за сите видови резервоари за вода , во прехрамбена индустрија како даски за сечење , во рударство и енергетика за обложување на силоси и простории , во хемиската индустрија како елементи за филтери , во комуналната дејност како фитинзи за спојување на полиетиленски цевки и др. По потреба се изработуваат и разни видови садови со различни форми и димензии , зависно од намената и потребата на клиентот.