BWC OHRID, We build the future together ...

Тел: ++389-46-279-010
Понеделник - Петок: 08:00 - 16:00

Компанијата БВЦ Охрид е основана во Мај 1995 годинa од  Павел Филев , дипломиран машински инженер , како претпријатие кое работи со 100% македонски капитал.

БВЦ Охрид е дел од групацијата BWC  со седиште во Будимпешта, Унгарија , групација формирана во 1991г. како мрежа на компании составена од  9 функционални подружници , две претставништва , три фабрики и една оф-шор ( off-shore) фирма.   Годишниот промет на групацијата се движи од 25-35 милиони евра.

Долгогодишно успешно работење , посветеноста и искуството кое го стекнавме низ годините , несомнено ја постави компанија на врвот , станувајќи препознатлива по својата стручност , сериозност и одговорност.

Во текот на годините успешно работење успеавме да изградиме цврсти деловни односи  како со нашите партнери - добавувачи низ светот , така и со нашите клиенти  во Македонија , Албанија и на Косово .

Како компанија која континуирано бележи позитивни резултати во работењето , често сме дел од разни бизнис случувања , презентирани како  пример за успешна компанија. Со нашата стручност и искуство секогаш сме спремни да ги реализираме   потребите и барањата на нашите ценети клиенти . Еднакво сериозно ги негуваме и релациите со голем број  реномирани  светски производители на производи кои имаат  примена во хемиската индустрија , пластичната индустрија, медицината и др. , а дел од нив  ексклузивно ги застапуваме на пазарите во Македонија , Албанија и Косово.

БВЦ Охрид има неколку основни трговски и производни дејности:

  • - Пластична и хемиска индустрија ( производство и трговија )
  • - Гумарска индустрија ( трговија)
  • - Прехрамбена индустрија ( производство и трговија )
  • - Медицина ( трговија )
  • - Пречистителни станици на отпадни води и мастофати ( трговија )